ФУДБАЛ

Гвардиола ризикува, Анчелоти со најсилниот тим на „Етихад“

Лигата на шампионите влегува во финалето, а вечерва и утре ги имаме првите полуфинални натпревари.

Спектаклот е на програмата вечерва од 21 часот, на „Етихад“ се среќаваат Манчестер Сити и многу потценетиот Реал Мадрид, на кои обложувалниците му даваат мали шанси за победа.

Екипите пристигнаа, Реал Мадрид ќе игра без суспендираниот Касемиро.

Куртоа – Карвахал, Е. Милитао, Алаба, Менди – Крос, Модриќ, Валверде – Винисиус Јуниор, Родриго, Бензема

Гвардиола има проблеми со бековската линија. Недостасуваше десниот бек Кајл Вокер кој е суспендиран, па Пеп реши на таа позиција да го стави стоперот Џон Стоунс.

Од првата минута во дресот на Граѓаните ќе играат: Едерсон, Стоунс, Дијас, Лапорте, Зинченко, Родри, Де Брујн, Бернардо, Махрез, Хесус, Фоден.

Сити и Реал веќе двапати се сретнаа во нокаут фазата. Шпанците ги исфрлија Англичаните во полуфиналето во 2016 година, но Сити возврати четири години подоцна во осминафиналето.

За многумина ова се особено интересни дуели поради тренерската пресметка меѓу Гвардиола од една и Анчелоти од друга, но простор за само еден од нив ќе има во финалето.