Манчестер Сити вечерва му гостува на Евертон во рамките на 19. коло од Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола победи само на една од последните пет првенствени натпревари и моментално се наоѓа на петтото место, со осум бода помалку од лидерот Ливерпул. Сити има два натпревари помалку, но сепак е мета на критики од англиските медиуми.
Сити деновиве беше на Блискиот Исток каде го освои Светското клупско првенство, па оваа календарска година ја заврши со дури пет трофеи: Премиер лига, ФА Куп, Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Суперкуп на Европа. Гвардиола ги коментираше критиките во пресрет на натпреварот со Евертон.
„Фактот дека победивме е неверојатен. Но, таков е овој бизнис. Кога не победуваш, ти си нула. Колку и да сакаме да победиме, сите други сакаат уште повеќе да пропаднеме. Штом не победиш на еден натпревар, веднаш се сомневаат во тебе.
Но, тоа е убаво. Само вие сомневајтесе и ќе видиме како ќе заврши сето тоа. Играме многу блиску до нивото на кое играме сите овие сезони, но ако не победуваме, има криза, има катастрофа“, изјави Гвардиола.
