Пеп Гвардиола ја коментираше победата на Манчестер Сити против Арсенал од 3:1 во реваншот од 12. коло на Премиер лигата.
Шпанскиот стручњак призна дека погрешил во првото полувреме кое на стадионот Емирати во Лондон заврши 1:1.
„Мојата тактика… Пробав нешто ново и беше страшно“, рече Гвардиола и додаде „Во второто полувреме бевме она што вообичаено сме. Ги оставивме да ги градат своите напади. Се прилагодивме малку. Рубен Диас беше добар, поагресивен кон Мартин Одегард, а Халанд ни помогна многу, ја искористи способноста да ја задржи топката. Арсенал имаше повеќе играчи во средниот ред во првото полувреме, што тешко го контролиравме“.
Гвардиола посебно истакна едно име.
„Бернардо Силва. Тој е толку интелигентен и никогаш не ги губи нервите. Го ставивме на средина, не сме глупи да го ставиме на левата страна, каде што би имале повеќе играчи. Тој е толку интелигентен што веднаш се адаптираше. Започна од левото крило, а заврши на десното крило. Има малку играчи кои можат да го направат тоа“, изјави Гвардиола.
Сити со победата стигна до 51 бод и го престигна Арсенал на првото место во англискиот шампионат поради подобрата гол-разлика, а избраниците на Гвардиола имаат натпревар повеќе од избраниците на тренерот Микел Артета.
