Манчестер Сити славеше победа од 3:0 на гости кај градскиот ривал, а очекувано по мечот задоволен беше Пеп Гвардиола.
„Секогаш се чувствуваме добро овде. Момците одиграа максимално добро и многу сум среќен за навивачите. Знам колку им значи ова. Со години, кога Сер Алекс беше тука, Јунајтед беше горе, но ние го сменивме тоа во последните години. По првите пет, десет минути кога ја загубивме топката од тим кој може да биде многу опасен, ја презедовме контролата и по вториот гол одигравме феноменален натпревар“, изјави Гвардиола за Sky Sports.
Бернардо Силва повторно беше играч на натпреварот:
„Можам да стојам овде и да зборувам десет минути само за Бернардо Силва и колку тој значи за овој тим и за мене. Тој е играч кој е повеќе од добар во се – солидарност, интелигенција, разбира се. Сите сме вљубени во него“.
„Проблемот можеби е што не вози големи автомобили, не се облекува во висока мода. Тој е скромен човек и сите го сакаат во соблекувалната. Имавме многу среќа што не го загубивме. Тој е незаменлив. И знам дека е среќен тука“, изјави Гвардиола.
