ФУДБАЛ

Гвардиола: Сити досега освои многу, но мора да разбереме дека ова е исклучок, не е нормално да се освои тројна круна и пет шампионски трофеи за шест години

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги предупреди навивачите на „граѓаните“ дека неговиот тим нема секогаш да биде успешен како досега.

Манчестер сити попладнево го пречекува Тотенхем со желба да ја продолжи серијата од 27 натпревари без пораз на домашен терен, која датира повеќе од една година. Последен пат Сити на свој терен е поразен од Брентфорд (1:2) во ноември 2022 година.

– Победивме многу пати, но во иднина мора да разбереме дека ова е исклучок. Не е нормално да се освои тројната круна, не е нормално да се освои Премиер лигата пет пати во шест години. Навивачите треба да уживаат во сето тоа, но претстојат лоши моменти. Сити во минатото не се бореше за трофеј, но навивачите беа секогаш со нив, така што не се сомневам во нивна поддршка и при евентуално лоши резултати, изјави Гвардиола.

Натпреварот помеѓу Манчестер сити и Тотенхем ќе започне во 17:30 часот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига