Пеп Гвардиола зеде неколку слободни денови за да дојде во Барселона на одмор.
Речиси целото негово семејство живее во Барселона и Гвардиола често ја користи секоја можност да дојде на одмор во овој град.
Така беше и за оваа репрезентативна пауза, бидејќи шпанскиот стручњак во неделата пристигна во Барселона. Тој дури ја искористи приликата да разговара со Чави кој е избран за нов тренер на каталонскиот клуб.
Долго време се шпекулираше дека Чави сака во јануари да доведе засилување од Манчестер Сити, а станува збор за Рахим Стерлинг, кој оваа сезона ја нема минутажата на која е навикнат кај Гвардиола.
Стерлинг е многу блиску до заминување од „Етихад“ во јануари, а Чави смета дека англискиот фудбалер би бил големо засилување за неговиот тим.
Шпанските новинари ја искористија можноста да го прашаат Гвардиола дали Стерлинг ќе ја продолжи кариерата во Барселона во јануари, но тој не сакаше да им открие ништо конкретно.
„Стерлинг во Барселона? Искрено, немам поим. Не знам ништо за тоа, па дури и да знаев сигурно нема да ви кажам. Ако Барселона е заинтересирана за некој од нашите играчи, сигурно можамт да го доведам бидејќи секој играчот сака да игра во тој клуб. Барселона има име и моќ да донесе секого“, изјави Гвардиола.
Стерлинг во досегашниот дел од сезоната одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.