Проклетството на Пеп Гвардиола продолжува.
Гвардиола го загуби шестото полуфинале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и ќе мора да чека уште една година за најпрестижниот трофеј во светот на клупскиот фудбал.
До второто последователно финале Гвардиола беше запрен во судиското надополнување, но неговиот тим доживеа тотално фијаско и прими два гола, а потоа и третиот во судиското надополнување за испаѓањето од Реал.
Откако минатата година го загуби финалето на Лигата на шампионите од Челзи, се смета дека следи проклетство што не може да го симне.
Или барем ова е последната теорија која стана вирална на интернет веднаш откако Сити беше елиминиран, но приказната за проклетството од Африка е сè уште активна.
Јаја Туре четири години работеше под палка на Пеп Гвардиола. Две сезони во Барселона и уште две во Манчестер, но во 2018 година се случи скандал и Туре го обвини Пеп за расизам.
“Сакам да бидам тој што ќе го скрши митот за Гвардиола. Тој е љубоморен на мене, ме смета за противник. Тој направи се што можеше за да ме уништи минатата сезона. Се однесуваше сурово. Дали мислите дека би се однесувал исто со Иниеста?” праша Туре.
„Не сум единствениот, тоа го почувствуваа и другите играчи на Барселона. Тоа е поради мојата боја на кожа“, рече тој тогаш.
Потоа следеше познатата изјава на менаџерот на Туре Димитриј Селук.
“Убеден сум дека африканските шамани нема да дозволат Гвардиола да ја освои Лигата на шампионите отсега. Тоа ќе биде како африканското проклетство за Гвардиола, а времето ќе покаже дали сум во право или не”, изјави тогаш Селук.
Гвардиола на пред-натпреварот против Реал додека седеше на клупата беше фатен во непријатна ситуација. Тој беше на едната страна, а на другата три плавуши.
Гвардиола на плавушите им ја покажа големината на „нешто“, кои внимателно го набљудуваа и слушаа што зборува.
Во следните минути, Пеп беше снимен како незадоволно одмавнува со главата откако ја прегледа прес-конференцијата на Карло Анчелоти.
https://twitter.com/RMadridHebdo/status/1521981757565902850
После тоа тренерот на Граѓаните немаше преголемо задоволство да слави, иако ништо не навестуваше за тоа.
Неговиот тим имаше водство од 0:1 и веќе мислеше дека ќе игра против Ливерпул во финалето, но Реал не се предаде и на крајот го исфрли англискиот претставник.