Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Сити е блиску до уште еден трансфер.
Клубот од Етихад наводно усно се договорил со фудбалерот на Лидс Јунајтед Клавин Филипс.
Репрезентативецот на Англија во наредните денови треба и официјално да потпише за Граѓаните.
По потпишувањето ќе бидат објавени сите детали од договорот.
Споменатиот фудбалер беше голема желба на Ливерпул, но Сити беше побрз и поконкретен во целата приказна.
Наводно, касата на Лидс ќе биде полна за околу 60 милиони евра, а Филипс треба да потпише четиригодишен договор со Сити.
Гвардиола се чини дека составува нов мега тим, Халанд пристигна порано, а планира да доведе еден квалитетен играч во бековската линија.