Пеп Гвардиола е свесен дека успехот на Манчестер Сити од минатата сезона ќе биде многу тешко да се повтори.
Ниту еден клуб не успеал да ја освои тројната круна две сезони по ред, а Гвардиола смета дека тоа е невозможна мисија.
„Тројната круна е нешто што се случува еднаш во животот. Им реков на играчите да го заборават сето тоа.
Се искачивме на највисоката планина, но сега се спуштаме од неа. Почнуваме повторно, со слични намери. Ќе има многу тешкотии, но нашата игра, нашиот менталитет, нашето однесување ќе го диктира темпото.
Во спортот се што ќе постигнете останува во вашите срца и во вашите умови и тоа е тоа. Секоја сезона започнува од нула. Ќе биде невозможно да се повтори тоа што го направивме и мора да бидеме свесни за тоа“, изјави Гвадиола.
Манчестер Сити неодамна беше поразен од Арсенал во Комјунити Шилд.
