ФУДБАЛ

Гвардиола “удри” по Премиер Лигата: Не е толку добра како што изгледа

По завршувањето на кариерата Гвардиола веднаш отпловил во тренерските води, а од 2007 година кога ја презеде екипата Б на Барселона, направи неколку големи успеси.

Набргу од Б тимот дојде во првиот тим на Барселона, а во периодот од 2013. до 2016. беше тренер на Баерн Минхен.

Пред две години, седна на клупата на Манчестер Сити, а минатата сезона неговиот тим доминираше во шампионатот во Англија.

Гвардиола веќе има сериозно искуство во три престижни фудбалски лиги и на чело на тројцата гиганти, а неговите последни коментари за Премиер лигата имаат посебна тежина.

Премиер лигата во Англија секако е најпопуларна за ТВ гледачите како најатрактивното првенство во светот, но дали е најквалитетно?

“Премиер Лигата изгледа подобро отколку што навистина е поради начинот на кој се продава и начинот на кој се пренесува како производ”, изјави Пеп Гвардиола.

Доколку се погледне статистиката во Лигата на шампионите јасно е дека шпанските клубови имаат апсолутна доминација во последните години, има се повеќе и повеќе Италијанци, додека англиските гиганти се борат. Последен пат трофејот на Лигата на Шампионите, во англиски раце заврши во 2012. кога Челзи успеа да направи вистински подвиг, а тогаш на тренерска клупа беше Роберто Ди Матео.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига