Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека неговиот тим ја заврши работата во осминафиналниот двомечот со Базел уште на првиот дуел во Швајцарија.
Сити синоќа победи со 4:0 и направи голем исчекор кон следната рунда во фудбалската Лига на шампиони.
– Имаме одличен резултат, по што веќе сме речиси квалификувани за четвртфиналето. Елиминациската фаза во Лигата на шампионите никогаш не е лесна. Ова се 180 минути фудбал во кој немате право да потценувате никого. Ќе го дадеме максимумот и на реванш, изјави Пеп.
Тој беше презадоволен од изданието на Илкај Гундоган.
– Гундоган е неверојатен фудбалер. Минатата сезона тој пропушти многу натпревари поради повреда. Сега сме многу задоволни од неговата игра и неговите лични квалитети, рече Шпанецот.