ФУДБАЛ

Гвардиола вели дека Сити нема да купи замена за Силва

Давид Силва на крајот на сезоната ќе се збогува од клубот каде со години го носеше дресот и ја напиша историјата, освојувајќи ја својата прва тројна круна во Англија со Манчестер Сити.

Шпанскиот играч од средниот ред беше еден од најдобрите што го купи Сити во текот на годините и најмногу заслужен за успехот во последните години.

Во секој случај, Пеп Гвардиола нема да бара замена откако Силва ќе се пензионира.

„Бернардо Силва може да игра на таа позиција. Го имаме Фил Фоден, Илкај Гундоган, Кевин Де Брујн, така што не верувам дека ќе сториме нешто на таа позиција“, рече Гвардиола.

Силва се пресели во Сити во 2010 година.

Оттогаш, тој има направено 414 настапи, постигна 73 голови и над 100 асистенции.