Манчестер Сити го победи Реал Мадрид на гости со 2:1 во 1/8 финале во Лигата на шампионите.
До триумф дојдоа по пресвртот, а менаџерот на англискиот шампион Пеп Гвардиола направи неколку интересни потези пред овој натпревар.
Играчите не знаеја кој ќе ја започне играта. Тој им кажа за тоа во соблекувалната, со Серхио Агуеро, Рахим Стерлинг, Фернандињо и Давид Силва на клупата, додека Габриел Хесус и Кевин де Брујн играа малку поинакви позиции.
Белгиецот Де Брујн откри дека тоа беше големо изненадување за играчите што не знаеле кого ќе биде на теренот.
„Имаше изненадувања во последните четири години на Пеп, но вечерва играчите не знаеја до самиот почеток кој треба да го започне натпреварот“, рече Де Брујн продолжувајќи:
„Некои промени беа добри. Имавме слаби моменти, но ова е нормално во вакви тешки натпревари. Но, навистина се боревме“, рече тој.
Сити сега е во голема предност пред реваншот и на Реал ќе му треба победа со разлика од два гола за да стигне до четвртфиналето од Лигата на шампионите.