ФУДБАЛ

Гвардиола во ПСЖ, Почетино во Манчестер Сити

ПСЖ, наводно, сака да го назначи Пеп Гвардиола за тренер, додека Маурисио Почетино ја следи состојбата во Манчестер Сити.

На излезна врата од Манчестер Сити, наскоро може да застане Пеп Гвардиола.

Тоа е затоа што владеечкиот шампион на Франција, ПСЖ, сака да го именува поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен за нов тренер, бидејки Томас Тухел, лани не успеа во Лигата на шампионите, а оваа сезона изгледа дека е последна за него.

Францускот медиум „Ле10 Спорт“ јавува дека челниците на ПСЖ се уверени дека со назначувањето на Гвардиола за тренер на крајот на оваа сезона, клубот конечно ќе успее во европските натпреварувања.

Сепак, Гвардиола има договор со Манчестер Сити до 2021 година и тој неодамна изјави дека е подготвен да го обнови својот договор.

Но, според извештаите на француските медиуми, шпанскиот стратег може да биде во искушение од понудата на ПСЖ, особено затоа што Французите се подготвени да го преземат поранешниот легендарен играч од средниот ред на Барселона, Чави, за помошник тренер на Гвардиола.

Манчестер Сити има 14 бода зад лидерот во Премиер Лигата, Ливерпул, ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1 и ќе се соочи со Борусија Дортмунд во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига