ФУДБАЛ

Гвардиола за 1:0 со Њукасл: Причината поради која победивме е нашиот менталитет

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола по победата над Њукасл го истакна карактерот на неговите фудбалери.

 

– Ниту еден збор не може да ја пренесе мојата благодарност за играта што ја прикажавме. Таа беше навистина добра. Ова е сличен втор натпревар, но ние сме фокусирани и покрај сè што постигнавме во изминатата сезона. Зборувавме за менталитетот. Причината за нашите победи е нашиот менталитет и тоа повторно го докажавме. Фил Фоден е вистински фудбалер кој може да игра на многу позиции. Тој е вистинска закана. Многу сум задоволен од начинот на кој се однесува кон другите. И неговиот менталитет е секогаш видлив – ова е главната работа, рече Гвардиола по натпреварот.

 

Манчестер сити кој ја брани титулата во англиската Премиер лига, новата сезона ја почна со две победи во двете први кола.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига