Фудбалскиот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денеска изјави дека норвешкиот играч Ерлинг Халанд се уште може да се подобри и покрај неговите добри игри откако се пресели во тој клуб.
„Се надевам дека ќе продолжи да се подобрува како фудбалер бидејќи мислам дека може подобро“, рече Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот со Евертон.
Норвешкиот напаѓач продолжи со добрите настапи постигнувајќи два гола во победата на Сити над Лидс од 3-1 во средата. Со тие два гола стана играчот кој најбрзиот стигнал до 20 гола во Премиер лигата, бидејќи за тој настап му биле потребни 14 натпревари.
Халанд (22) летово се пресели во Сити од Борусија Дортмунд и досега одигра 20 натпревари за тимот од Манчестер и постигна 26 гола во сите натпреварувања.
“Ако тој соборува рекорди и постигнува многу голови, тоа е добро бидејќи тој ќе ни помогне да победиме. Кога сите даваат се од себе, тимот има корист. Од првиот ден, ние сме воодушевени, не само со неговиот придонес во головите. поради што е тука, но со многу други работи “, истакна Гвардиола.
Манчестер Сити е на второто место на табелата во Премиер лигата и заостанува пет бода зад лидерот Арсенал.
Во сабота, од 16 часот, Сити му гостува на тимот на Евертон, во натпреварот од 18. коло на Премиер лигата.