Во Англија се погласни се шпекулациите околу заминувањето на Пеп Гвардиола од клупата на Манчестер Сити. Наводно веќе се бара негов наследник. Две имиња се во игра. Според англиските медиуми првото е Маурисио Покетино, екс тренер на Тотенхем и Јулијан Нагелсман актуелен тренер на германски Лајпциг, тим со кој навистина постигнува завидни резултати.
Гвардиола во Сити е од 2016-та година, два пати ја освои Премиер лигата, еднаш ФА Купот, три пати Карабао Купот и два пати Комјунити Шилд. Но, она што најмногу го посакуваше, а тоа е пехарот во ЛШ со англискиот тим, тоа се уште го нема.