Хабиб Нурмагомедов синоќа покажа дека е апсолутен крал во УФЦ.
Хабиб го победи Џастин Гаетже и го одбрани шампионскиот појас, а потоа рече дека тоа е неговата последна борба во кариерата.
Дагестанецот неодамна го загуби својот татко кој го придружуваше на секој натпревар, и тој повеќе не сака да се бори без него. Тој и вети на својата мајка дека синоќа беше последниот натпревар во неговата кариера, а си заминува со сооднос 29-0.
По завршувањето на мечот, Хабиб доби голем број честитки од целиот свет, а зборуваше и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
Бензема објави фотографија од Хабиб на Инстаграм и за неколку часа доби над милион лајкови. Напаѓачот на Реал Мадрид ги воодушеви сите затоа што напиша дека Хабиб е КОЗ (најдобриот на сите времиња).
„ОДИ МАШАЛАХ, алхамдулила“, напиша Бензема, а пораката му се допадна на Хабиб, кој ја сподели на неговиот профил.
https://www.instagram.com/p/CGxOeSTL3FY/?utm_source=ig_web_button_share_sheet