ДРУГИ СПОРТОВИ

Хабиб доби понуда да ја започне својата фудбалска кариера

Хабиб Нурмагомедов доби понуда од рускиот третолигаш ФК Камаз.

Орелот неодамна на социјалните мрежи објави дека се подготвува за својата фудбалска кариера.

“Се подготвувам за моето фудбалско деби. Јас сум слободен играч и чекам понуди”, напиша Хабиб.

Екипата на Камаз реши да му понуди договор и да го пушти да игра професионално.

“Ние ви нудиме шанса да дебитирате како фудбалер во нашиот тим. ПФЛ е фудбалски УФЦ. Во секој натпревар одиме на победа и сме многу амбициозни”, рекоа од клубот.

На Хабиб му беше понудено да дојде на собирот на тимот на 12 февруари и да тренира три недели со цел да биде подготвен за неговата прва фудбалска сезона.

ПОВРЗАНО

Прва МФЛ