ДРУГИ СПОРТОВИ

Хабиб исто така мораше да го коментира дебаклот на Конор

Хабиб Нурмагомедов не можеше да се воздржи од коментар за тешкиот пораз на Конор Мек Грегор против Дастин Поарие.

Поарие го нокаутира Конор во втората рунда, и се чини дека Хабиб воопшто не беше премногу изненаден поради тоа.

Нурмагомедов беше целосно искрен со пораката дека менувањето спаринг-партнери е најголемиот виновник за поразот на Конор.

„Тоа е она што се случува кога ќе го смените целиот тим, оставете ги спаринг-партнерите што ве направија шампион и спарирајте со мали деца, далеку од реалноста“, напиша Хабиб.

Мек Грегор се подготвуваше за мечот со Поарие со спаринг партнерот Дилан Моран со цел подобро да се подготви за евентуална завршница со филипинската легенда на боксот Мани Пакија.