Манчестер Јунајтед стапи во контакт со агентот Хакан Чалханоглу и наводно е во напредни разговори околу ангажирање на турски играч за врска.
Чалханоглу има важечки договорот со Милан до летото, но двете страни се уште не најдоа договор.
Играчот од средниот ред на „росонерите“ има договор според кој заработува 2,5 милиони евра по сезона, а наводно неговиот агент бара дури 7 милиони евра годишно, што Милан засега не ги прифаќа.
Неколку клубови сега го следат развојот на ситуацијата околу турскиот фудбалер, а неговиот агент Гордон Стипиќ наводно го контактирал Манчестер, кој ќе се обиде да го донесе на лето како слободен агент.
Исто така, Јувентус е заинтересиран, иако се верува дека на „Старата дама“ ќе и биде тешко да даде седум милиони евра на поранешниот играч на Баер Леверкузен, па Манчестер Јунајтед е наведен како лидер во трката за неговиот потпис.