ФУДБАЛ

Хаким Зијех донесе одлука која менува се во неговата кариера

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијех (29) одлучи во иднина сам да се справува со се што е поврзано со неговата кариера.

 

Во соопштението кое го даде вечерва, мароканскиот фудбалер истакна дека чувствува дека е време целосно да преземе се што е поврзано со сопствената кариера и дека ја прекинал соработката со агентот Нахли Мондиал.

„Стигнав до тој момент во мојот живот кога чувствувам дека е време целосно да ја преземам контролата над мојата кариера. Сакам да носам сам одлуки за кариерата“, напиша меѓу другото Зијех и додаде:

„Во иднина, јас и мојот тим, со присуство на правни застапници, ќе се справуваме со деловната страна“, рече Зијех.

А првата работа би можел да ја заврши веќе во наредните денови. Сигурно е дека 29-годишниот крилен напаѓач ќе го напушти Челзи, а кариерата би можел да ја продолжи во Милан.

Росонерите се сериозно заинтересирани за услугите на овој фудбалер. Преговорите се во тек и многу е можно да го видиме во дресот на италијанскиот шампион.

Зијех претходните две години играше за Челзи, а претходно играше за Ајакс, Твенте и Херенвен.