Ашраф Хакими беше одличен во својата прва сезона во дресот на Интер.
Поради големите финансиски проблеми Интер се одлучи да го продаде Хакими, иако беше еден од најзаслужните за освојувањето на скудетото.
Следен клуб на Хакими ќе биде погатиот ПСЖ, кој се согласи да плати 70 милиони евра обештетување, плус бонуси.
Хакими ги договори условите со ПСЖ, тој ке потпише петгодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона.
ПСЖ исто така минатите денови се засили со Донарума, со кој наскоро се очекува и официјализирање на потписот, голманот за разлика од Хакими во ПСЖ пристигнува како слободен играч.