ФУДБАЛ

Хакими се сели во Серија А за 40 милиони евра!

Како гром од ведро небо, пристигна веста дека Ашраф Хакими ќе потпише за Интер.

Интер, наводно, е во преговори со Реал Мадрид и самиот играч се согласил да се пресели во Милано, а веста ја донесуваат добро информираните новинари Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио.

Хакими игра на позајмица во Борусија Дортмунд и се зборуваше дека ќе се врати во Реал Мадрид, но тој реши да оди понатаму затоа што сака да игра редовно.

Антонио Конте му вети дека редовно ќе игра на позицијата десен бек во Интер, а Хакими во последните две сезони со настапите во Борусија докажа дека не е залудно што Реал го донесе овој Мароканец во својата академија кога имаше само 15 години.

Оваа сезона Хакими постигна девет гола со 10 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања, а на теренот мина вкупно 3.527 минути.

 

 

ПОВРЗАНО

Серија А