ФУДБАЛ

Халанд би сакал да игра со Мбапе, но тоа не е можно!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изјави дека францускиот напаѓач Килијан Мбапе е феноменален играч и дека би сакал да може да игра за норвешката репрезентација.

“Има многу добри играчи и Килијан е еден од нив. Тој е толку силен. Французите имаат среќа што игра за Франција. Посакувам да може да игра за Норвешка, но не може. Но, тој е неверојатен играч” . изјави Халанд за францускиот Канал плус.

 

„Тој е толку брз и силен и игра така долго време. Тој е две години постар од мене? Тоа е лудост. Тој има уште 10 години игра на врвно ниво. Тој е феноменален“, додаде норвешкиот напаѓач .

Мбапе ја одведе Франција до две финалиња на Светското првенство. Во 2018 година „триколорите“ ја освоија титулата во Русија, а минатиот декември загубија на пенали од Аргентина.