ФУДБАЛ

Халанд доби спонзорска понуда од 25 милиони за пет години

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (21) наскоро би можел да потпише спонзорски договор со Пума.

Германската компанија и понуди на sвездата на Дортмунд петгодишен договор вреден 25 милиони евра и ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Моментално Халанд е под договор со американскиот бренд Најк. Сепак, овој договор истекува на крајот на годината и многу веројатно ќе ги смени спонзорите.

Пума под договор има голем број големи фудбалски имиња. Меѓу нив се Серхио Агуеро, Антоан Гризман, Нејмар, Едерсон, Пеп Гвардиола …

Фудбалските клубови спонзорирани од Пума се Манчестер Сити, Милан, но и Борусија, каде Халанд игра скоро две години.

Ерлинг Халанд е секако исклучително атрактивен за спонзорите ширум светот и ќе видиме дали на крајот ќе заврши во прегратката на Пума.