ФУДБАЛ

Халанд е инспириран од Мбапе

Ерлинг Халанд ги следи стапките на Килијан Мбапе.

Тој вели дека секогаш гo земал како пример Французинот и неговиот сон е да стане еден од најдобрите во светот.

Денес, за многу кратко време, името на Халанд е во сите медиуми поради фантастична форма што ја има во Борусија Дортмунд и некако ја постигна својата цел.

Но, како и Мбапе, тој сака да продолжи да работи и да расте како играч.

„Отсекогаш си велев дека сакам да бидам еден од најдобрите фудбалери во светот“, рече Халанд во интервјуто за официјалната веб-страница на Бундеслигата.

„Кога бев во Салцбург и започнав да постигнувам голови, многу гледав во Мбапе, да бидам реален. Тој постигнуваше постојано голови, со постигнувањето голови во Лига 1 како што го прави сега, знаете дека може да достигне дури и повисоки нивоа во фудбалот“.

Верувале или не, со Салсбург и Дортмунд во сезоната 2019/20, Халанд има постигнато 37 гола на 28 настапи.

ПОВРЗАНО

Бундеслига