Напаѓачот на Норвешка, Ерлинг Халанд беше прогласен за најдобар во Бундеслигата во јануари.
Тој го замени дресот на Ред Бул Салцбург на првиот месец од новата година со дресот на Борусија Дортмунд и продолжи од таму каде што го напушти австрискиот тим.
Тој одигра само 60 минути во првите два меча за Дортмунд, бидејќи влезе од клупата во двата наврати, но сепак постигна нереални пет гола.
Затоа Бундеслигата го прогласи за најдобар играч на месецот, во јануари, иако практично одигра многу помалку минути од сите играчи во конкуренција за оваа награда.
Инаку, во тие два меча Дортмунд играше против Аугсбург и Келн. Халан против Аугсбург постигна три гола, а против Келн два.
И во февруари тој продолжи да прави одлични игри, па веќе постигна четири гола. Тој постигна два против Унион Берлин и по еден против Вердер во Купот и против Ајнтрахт во Бундеслигата. Само на еден натпревар не беше стрелец, оној на гостување кај Баер Леверкузен.
Севкупно, тој има одиграно 28 натпревари за Дортмунд и Салцбург оваа сезона, постигнувајќи 37 голови и осум асистенции.
Покрај наградата за најдобар играч на Бундеслигата во јануари, треба да очекуваме да го добие ова признание и во февруари.