По ангажманот на Ерлинг Халанд, Манчестер Сити нема намера да запре.
Граѓаните се договорија со Ривер Плата за реализација на трансферот на 22-годишниот крилен напаѓач Хулијан Алварез.
Споменатиот фудбалер сезонава на 17 натпревари има постигнато 14 гола за Ривер Плата, а долго време е на радарот на Пеп Гвардиола.
Тој веќе има седум настапи за репрезентацијата на Аргентина и еден постигнат гол.
Soon-to-be Manchester City forward Julian Alvarez just scored six goals in one match for River Plate 🤯 pic.twitter.com/aeed0G5kC4
— GOAL (@goal) May 26, 2022
За Алварез беа заинтересирани Баерн, Виљареал и Алтлетико, но брзо се откажаа бидејќи не беа задоволни од барањата на Ривер Плата.
Сепак, аргентинскиот гигант не можеше да се предаде пред Манчестер Сити, а наводно тимот од Етихад ќе спакува понуда од 25 милиони евра и неколку бонуси. Интересно, Градот на почетокот на годината ги комплетираше основните детали за оваа зделка, која сега доби и официјална потврда.
Можно е Сити да лансира некои од помладите фудбалери на позајмица во Ривер.
Доаѓањето на Алварез отвора и многу прашања за напуштање на Етихад и сигурно е дека и во Градот не очекува возбудливо лето.