ФУДБАЛ

Халанд ги шокираше обожавателите со фотографија на Инстаграм: „Не е нормално за 20-годишник …“

Борусија Дортмунд синоќа објави дека Ерлинг Халанд се здобил со повреда пред натпреварот против Лацио и дека ќе биде надвор од терените до крајот на оваа година.

Норвежанецот го воодушеви фудбалскиот свет минатата сезона кога се истакна во дресот на Салцбург, а потоа и во Дортмунд каде продолжи да игра одлични игри.

Иако има само 20 години, тој покажа дека е голем талент, а многумина велат дека прашање е само кога ќе го преземе приматот на најдобриот напаѓач на светот.

Халанд денес објави фотографија на Инстаграм и рече дека наскоро ќе се врати на теренот и дека за среќа станува збор само за полесна повреда.

Но, многумина беа изненадени кога видоа како изгледаат неговите мускули и дека е неверојатно што има такви мускули.

“Не е нормално за 20-годишен играч да има такви бутови. Тој ќе биде како Кристијано Роналдо”, напиша еден од фановите на Халанд во коментарите.