Ерлинг Халанд (21 година) е еден од најбараните фудбалери во светот во моментов.
Се чини дека Халанд ги надмина Борусија Дортмунд и Бундеслигата и дека му треба нов предизвик, па за очекување е најдоцна до летото следната година да ја промени средината.
Познато е дека најголемите клубови во Европа го гледаат норвешкото чудо, но познато е и дека е потребно да се издвојат вкупно стотици милиони евра за да се реализира трансферот.
Во договорот на Халанд со Борусија има отштетна клаузула од 75 милиони евра, која започнува на крајот на сезоната, но дополнително е потребно да се обезбедат десетици милиони евра за плата на играчот и високи бонуси за неговиот агент Мино Раиола и постариот Халанд.
Големо влијание врз изборот на играчот ќе има и Златан Ибрахимовиќ кој е во добри односи со Халанд. И двајцата се Скандинавци и го имаат истиот менаџер, споменатиот Раиол, а Ерлинг многу го цени искусниот Швеѓанец кој имаше богата и одлична кариера.
Според еден шпански медиум, Халанд бил советуван од Ибрахимовиќ да го избере Реал Мадрид. Ибра верува дека тимот од Мадрид е бесмртен и обезбедува средина во која може да напредува професионално. Тој има големи шанси да биде дел од фантастично трио, заедно со Винисиус Јуниор и Килијан Мбапе, на асистенција на искусниот Карим Бензема.
Во исто време, Златан му „контри“ на поранешниот тим на ПСЖ, кој исто така би го сакал Халанд, особено што најверојатно ќе остане без Килијан Мбапе, чиј договор истекува на лето.