ФУДБАЛ

Халанд и Левандовски добија голема конкуренција, Ајнтрахт го растури Баер

Ајнтрахт го совлада Баер Леверкузен со 5:2 во 15. коло од Бундеслигата.

Не им одеше најдобро на домаќините со оглед на тоа што губеа со 0:2 по 22. минута, а стрелец на двата гола беше Патрик Шик.

Тој најпрвин погоди во петтата минута за 0:1, а потоа во 22. минута од пенал го удвои водството на гостите.

Сепак, само една минута подоцна Тута намали на 1:2, да ги врати работите во Линдстром до крајот на полувремето.

Н’Дик погоди во 50. минута за голем пресврт, a победата ја потврдија Кристијан Јакиќ во 66. минута и Соу во 76. минута од натпреварот.

Леверкузен имаше шанса да се доближи до Борусија, но по овој натпревар ќе остане трет со 27 бодови, додека Ајнтрахт се искачи на 9. место со 21 освоен бод.

За Шик ова беше шести гол во последните две кола и моментално е втор стрелец во Бундеслигата со 14 гола зад Левандовски со 16 и пред Халанд со 11 гола.

Треба да се спомене и дека претходно денеска со голот на Нилсен во 56. минута, Гројтер Фурт стигна до својата прва сезонска победа во лигата, а на домашен терен славеше против Унион Берлин.

 

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига