ФУДБАЛ

Халанд или Мбапе: Суарез откри кој е подобар напаѓач за него

Луис Суарез без сомнение е еден од најдобрите напаѓачи во светот веќе неколку години.

Суарез играше одлично во дресот на Барселона, а минатото лето, на изненадување на сите, се пресели во Атлетико Мадрид, каде продолжи со фантастични игри.

Во интервју за угледната Марка, уругвајскиот напаѓач зборуваше за новата генерација на напаѓачи кои моментално доминираат во Европа, а пред се се истакнуваат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Суарез зборуваше за двајцата и рече дека верува оти Халанд ќе биде оној што ќе ја одбележи следната ера во фудбалот што се однесува до напаѓачите.

“Тој е одличен фудбалер и игра на спектакуларно ниво. Има одлични физички предиспозиции и е еден од најдобрите напаѓачи во светот кој сигурно ќе ја одбележи следната ера во фудбалот”, рече Суарез и продолжи.

“Мбапе или Халанд? Па, јас сум малку повеќе на страната на Халанд, но и Мбапе е на многу високо ниво веќе неколку сезони”.