Норвешкиот напаѓач Ерик Ботеим се најде во центарот на спортската јавност кога оваа сезона ја уништи Рома во дресот на Бодо Глимт.
Бодо славеше со 6:1, а Ботеим забележа два гола и две асистенции во најголемиот триумф во историјата на клубот.
По тој натпревар започна интересот на европските клубови за Ботеим. Се пишуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Серија А или Бундеслигата, но на крајот се реши на интересен потег.
Норвежанецот ја прифати понудата на рускиот ФК Краснодар и кариерата ќе ја продолжи во руската Премиер лига.
Оваа информација ја потврдија од Красондар, наведувајќи дека донеле одличен фудбалер кој ќе биде добар залак за во иднина.
⚡Норвежский форвард Эрик Бутхейм усилил «Краснодар»
Футбольные клубы «Краснодар» и норвежский «Будё-Глимт» @Glimt оформили трансфер 21-летнего нападающего в ряды «быков». Контракт подписан до конца июня 2025 года.
Подробности 👇https://t.co/9NnCyUgoeZ
— FCKrasnodar (@FCKrasnodar) December 22, 2021
Ботеим потпиша договор со Краснодар до 2025 година, а интересно е што Ерик Ботеим е најдобар пријател на Ерлинг Халанд и сите го гледаа во Бундеслигата, па дури се зборуваше дека може да игра со Халанд во Дортмунд, но работите се свртеа во друга насока.