ФУДБАЛ

Халанд на пат да ги „сруши“ рекордите на Меси и Роналдо

Ерлинг Браут Халанд веќе не е изненадување.

20-годишниот талент продолжува со импресивната форма во изданието 2020/21.

Неговата статистика е толку импресивна што човек веднаш помислува на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои скоро секогаш постигнуваа повеќе.

Вкупно 14 натпревари, 17 погодоци – најдобро ја покажува формата низ која поминува 20-годишникот, кој е на пат да ја достигне бројката од 100 голови во професионалниот фудбал. Тој во моментов има постигнато 82 погодоци.

Оваа сезона, во Бундеслигата има постигнато 10 гола на осум натпревари и се бори со Левандовски за Златната копачка.

Халанд веќе го предизвика интересот на италијанските гиганти и доколку продолжи со оваа форма, нема да остане долго во Борусија Дортмунд.

ПОВРЗАНО

Бундеслига