ФУДБАЛ

Халанд: Не сум 100 проценти спремен

Ерлинг Халанд направи фантастичен старт на кариерата во Борусија Дортмунд.

Овој 19-годишен норвешки напаѓач постигна дури седум гола на три натпревари за тимот на Дортмунд, а иако е незапирлив за неговите противници, тој тврди дека сè уште не е 100 проценти подготвен.

„Морам да бидам уште поспремен. Јас сè уште не сум 100 проценти спремен“, кратко изјави Халанд по натпреварот.

Причината за неговата „неподготвеност“ е повредата на коленото што ја претрпе минатиот месец, но сепак игра навистина спектакуларно.

Интересно е што Халанд постигна седум гола од осум удари во рамките на голот на три меча.