Во 27. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити оствари уште една важна победа во трката за шампионската титула која ја води со Арсенал. Избраниците на Пеп Гвардиола победија со минимални 1:0 на гостувањето кај Кристал Палас, а решавачкиот гол во 78. минута од пенал го постигна Ерлинг Халанд.
По оваа победа, Сити повторно дојде на два бода од водечкиот Арсенал кој е со натпревар помалку, но го купи и потребниот мир пред реваншот од осминафиналето, каде следната недела на „Етихад“ ќе играат против РБ Лајпциг. На првиот натпревар во Германија беше 1:1, па на Сити му треба победа за да се пласира во следната фаза.
