Ерлинг Халанд изјави дека планот на Борусија Дормтунд за иднината го натерало тој да го избере клубот од Бундеслигата, отколку гигантот во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед, за да ја продолжи кариерата.
Норвешката ѕвезда неодамна потпиша четири и пол годишен договор со Дортмунд, и покрај големиот интерес за него, од страна на Манчестер Јунајтед.
Манчестер јунајтед заедно со Лајпциг и Јувентус беа меѓу екипите кои изразија желба за трансфер на Халанд, кој има постигнато 28 гола на 22 настапи во сите натпреварувања за Салцбург оваа сезона.
„Дортмунд беше многу директен и рече: Ќе ни требаш во напаѓачката фаза, ни се допаѓа вашиот стил на игра и сакаме да го имаме во нашиот состав“, рече 19-годишниот.
„Ми се допаѓа како тие разговараа со мене и тоа ме натера да потпишам за нив. Само што чувствував дека Дортмунд и јас бевме добра комбинација“.