ФУДБАЛ

Халанд руши рекорди, а еден посебно се истакна

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа за каков играч станува збор.

 

Во градското дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, Халанд постигна хет-трик и забележа две асистенции, а Граѓаните победија со 6:3.

 

Сега е јасно дека Норвежанецот ќе собори многу рекорди во Премиер лигата, а веќе собори еден.

Имено, Халанд против Јунајтед го постигна третиот хет-трик сезонава, а за тоа му беа потребни само осум натпревари.

 

На пример, на второ место според таа статистика е Мајкл Овен, кому му требаа 48 натпревари за три хет-трика во Премиершип, а на Руд Ван Нистерлој да речеме му требаа 59 натпревари.

Покрај горенаведеното, Халанд е и рекордер по бројот на голови на стартот од сезоната. На девет натпревари, тој постигна 14 гола, а многумина мислат дека тој би можел да стане првиот играч кој завршил сезона во Премиершип со 40 или повеќе голови.

 

Неверојатниот норвешки напаѓач денеска собори уште еден рекорд, ако мислевте дека е готово, се заебавте.

 

Халанд е првиот играч во Премиершип кој постигнал хет-трик во три последователни натпревари во кои играл. Пред Сијт, тој постигна три гола против Кристал Палас и Нотингем Форест.

 

Покрај 14 гола, Халанд има и три асистенции, што го прави играч со најмногу корисни бодови во првите девет кола. Никој пред него во Премиершип по девет натпревари немаше 14 гола и три асистенции или 31 поен во индексот на корисност.

 

Следниот натпревар Манчестер Сити ќе го има на 8 октомври кога Саутемптон ќе им гостува на „Етихад“ и тоа ќе биде можност Халанд да собори нови рекорди.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига