Ерлинг Халанд (22) летово му се приклучи на Манчестер Сити.
Норвешкиот напаѓач пристигна во „граѓаните“ од Борусија Дортмунд за „само“ 60 милиони евра и веќе навистина почна да се исплати за своите нови шефови.
Халанд изгледа незапирливо на стартот од новата сезона. На осум натпревари постигна 12 гола и нема сомнеж дека до крајот на сезоната би можел да собори бројни рекорди.
Пред да одлучи да дојде во Сити, 22-годишниот напаѓач преговараше со бројни клубови. Меѓу нив беше и најголемиот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед.
Сепак, поради минатото на неговиот татко Алф Инге, чија професионална кариера ја заврши со дуел со Рој Кин и Јунајтед, Ерлинг се одлучи за Сити.
Така направи непријатели меѓу навивачите на „црвените ѓаволи“. Барем кај мнозинството, бидејќи секогаш има и такви на кои не им пречи што премина во редовите на голем ривал.
Халанд деновиве имаше несекојдневна средба со навивачите на Јунајтед на улиците на Манчестер. Тој се движел сам кога му пришле неколку навивачи на тимот од Олд Трафорд.
„Халанд, дојдовте во погрешен дел од Манчестер“, фрла навивач на Јунајтед од автомобилот кон него, а Ерлинг ладно му одговорил.
„Тие ме сакаат овде“.
Откако се чуделе како може само да оди по улица без никаква придружба, решиле да му дадат дополнителна финта за да дојде кај нив следната сезона.
Man United fans spotted Haaland out for a stroll in Manchester 😂
(via danielfitton/TT) pic.twitter.com/vKDYn0KayL
— ESPN FC (@ESPNFC) September 9, 2022
На Халанд очигледно не му пречи да шета сам по улиците на Манчестер, иако многу негови колеги во минатото биле нападнати од разбојници, кои барале скапи часовници и накит.
Ова не му е проблем бидејќи не е како другите.