ФУДБАЛ

Халанд се шокираше кога слушна колку пари бара Борусија Дортмунд за него

Пред неколку недели имаше шпекулации дека Ерлинг Халанд ќе ја напушти Борусија Дортмунд, но се чини дека ништо нема да се случи ова лето.

Халанд е мета на многу европски клубови, но Борусија Дортмунд едноставно не е подготвена да го пушти летово.

Норвежанецот има клаузула во договорот дека следното лето може да го напушти Дортмунд за 100 милиони евра и се чини веројатно Халанд ќе го смени клубот за само една година.

Тој е поврзан со неколку европски клубови, но тешко дека некој може да си го дозволи сега затоа што Дортмунд бара дури 175 милиони евра за него.

Халанд започна со Дортмунд да се подготвува за новата сезона, а вчера даде интервју кое привлече големо внимание. Новинарот го праша Халанд што мисли за цената што му ја постави Дортмунд, и тој даде искрен одговор.

“Само вчера разговарав со мојот агент. Не сме се слушнале еден месец, бидејќи ништо не се случува и тоа е единствената вистина. 175 милиони евра? Се надевам дека се само шпекулации затоа што се премногу пари за еден играч”, изјави Халанд рече. додаде.

“Прво, имам уште три години во договорот и уживам тука. Секако, за мене е важно да освојувам трофеи со клубот и тоа е она што го сакам во кариерата, но одам чекор по чекор”.

Дортмунд направи фантастичен потег кога го донесе Халанд за само 20 милиони евра од Ред Бул Салцбург во почетокот на 2020 година и јасно е дека ќе заработат огромни пари за него.

Халанд одигра вкупно 59 натпревари во дресот на германскиот клуб во сите натпреварувања и постигна неверојатни 57 голови, и додаде уште 15 асистенции, и јасно е зошто многу клубови се „борат“ за неговиот потпис.