ФУДБАЛ

Халанд: Слушнав во Бразил дека ме нарекуваат Халандињо

Борусија Дортмунд игра против ПСЖ во среда реванш дуел од 1/8 финале од Лигата на шампионите.

Дортмунд славеше со 2-1 во првиот натпревар на домашен терен, а херој беше младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд. Тој пристигна во германскиот клуб оваа зима од Салцбург и веќе успеа да постигне 12 гола на девет одиграни натпревари.

Халанд е секако најголемиот пробив оваа сезона бидејќи игра во неверојатна форма. По одличните игри во Салцбург, челниците на Дортмунд успеаја да го доведат за само 20 милиони евра.

Многумина веруваат дека на крајот на сезоната има добри шанси Халанд да го напушти Дортмунд, но во тој случај клубот ќе бара дури 80 милиони евра. Норвежанецот е главна тема на фудбалскиот публицитет.

„Ми се допаѓа да гледам и да учам од другите напаѓачи. ПСЖ има одлични играчи. И се одликуваат Нејмар и Мбапе. Имаме добар тим и квалитет, но мора да го покажеме тоа на теренот. Нејмар ќе биде најголемата опасност и тој е навистина одличен мајстор. Бразил отсекогаш имал одлични играчи и тоа е земјата на фудбалот. Јас дури имам слушнато дека во Бразил ме викаат во Халандињо“, рече низ смеа напаѓачот на Дортмунд.