Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд беше презадоволен од победата на неговиот тим над Кристал Палас со 1-0 во 27. коло од Премиер лигата.
Сити славеше со голот на Халанд во 77. минута од пенал.
„Да се добијат три бода, да продолжиш да победуваш и да играш добро, не е лесно…Борнемут претходно го победи Ливерпул, така што ниту еден натпревар не е лесен, секој натпревар е борба“, рече Халанд и додаде:
„Ова е убав стадион, беше добар натпревар, уживам во се, уживам во се. Сите знаат колку ни беше важен овој натпревар и сега треба да продолжиме понатаму“.
Норвежанецот истакнува дека не бил загрижен кога Сити не успеал да ја пробие одбраната на ривалот.
„Бев фокусиран само на мојата игра, како и секој пат. Минатиот пат загубивме од Палас со 2:0, а сега беше 0:0 на полувремето. Мораме да играме на различни начини бидејќи луѓето се прилагодуваат на нас. Сити ја освои титулата во четири од последните пет титули, па нормално е другите да се адаптираат.
Халанд рече дека не сака да пропушта шанси.
Имав една и во второто полувреме, но мала дупка на тревата ми пречеше“. Што се однесува до пеналот, се трудам да дишам и да бидам присутен во сегашниот момент – тоа и го направив. Остануваат уште многу натпревари, ништо не е решено – ова е Англија, цел живот ги гледам овие натпревари и уживам да бидам во средината, уживам во секоја секунда“.
Сити се соочува со реванш осминафинален натпревар во Лигата на шампионите со Лајпциг во вторник – по ремито 1-1 во Германија – додека нивниот следен предизвик е четвртфиналето од ФА Купот со Барнли следната сабота.
