Ерлинг Халанд продолжува да доминира, па го постигна новиот, јубилеен 10-ти гол во англиската Премиер лига.
Халанд летово дојде во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд и веќе им се исплатеше на Граѓаните кои му платија 60 милиони евра.
Норвежанецот погоди против Астон Вила во 50. минута за водство на Сити во шестото коло од Премиер лигата, а тоа беше негов десетти гол.
Се чини дека Халанд е невозможно да се запре, а ривалите на Сити се немоќни пред 22-годишниот „ѕвер“.
Постигна по три гола против Нотингем Форест и Кристал Палас. Многумина веруваат дека доколку продолжи вака ќе ги собори сите можни рекорди.
Со оглед на тоа што во тек е шестото коло, навистина се поставува прашањето до која бројка ќе се дојде на крајот.
Гледајте го голот на Халанд против Вила ТУКА.
WHAT A BALL FROM DE BRUYNE TO SET UP HAALAND 😳 pic.twitter.com/cvdjLf6EtI
— ESPN FC (@ESPNFC) September 3, 2022