Ерлинг Халанд ја продолжи својата исклучителна голгетерска серија, па синоќа ги постигна двата гола за Борусија на гостувањето кај Келн.
Головите на норвешкиот репрезентативец и најголемиот фудбалски талент беа доволни за Борусија за само еден бод.
Откако заврши споменатиот натпревар, Халанд беше крајно лут и истрча кон соблекувалната.
Тој очигледно е играч на кој му е многу тешко да издржи послаби резултати, а можеби на крајот го налути еден негов соиграч, бидејќи факт е дека синоќа не беа сите на својот максимум.
Овој потег на Халанд само дополнително ќе ги интензивира приказните за можно заминување од Борусија на крајот од сезоната.
https://twitter.com/i/status/1373324328746549256