Фудбал

„Хамес преферира удобен живот и пари отколку конкуренција и напредок во фудбалот“

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез ја изненади фудбалската јавност со својата одлука кариерата да ја продолжи во Катар.

Хамес се претстави пред светската јавност на фантастичен начин на Светското првенство во Бразил 2014 година кога одлично се истакна во дресот на Колумбија и се очекуваше да има одлична кариера.

Потоа се пресели од Монако во Реал Мадрид иако имаше уште неколку одлични понуди. Но, на крајот се покажа дека одењето во кралскиот клуб не беше најдобро за него.

Хамес не играше многу за Реал, а замина и на позајмица во Баерн Минхен, каде исто така не блескаше премногу. Тој одлучи минатото лето да потпише за Евертон и да ја „оживее“ кариерата.

Колумбиецот започна добро во англискиот клуб, но после тоа повредите го уништија сето тоа. Изненадувањето за сите беше што по една година одлучи да го напушти Гудисон.

Хамес неодамна потпиша за катарски Ал Рајан, што е изненадување за многумина, бидејќи се очекуваше да остане во Европа. Но, тој доби финансиска понуда што очигледно не можеше да ја одбие.

За тоа зборуваше и тренерот на Евертон, Рафаел Бенитез, кој рече дека Хамес преферира удобен живот и пари отколку да се натпреварува.

“Хамес преферира удобен живот и пари отколку конкуренција и напредок во фудбалот. Тој не се мачеше на тренинзите и очекуваше да биде во стартниот состав. Тоа би било непочитување кон другите играчи кои го дадоа својот максимум на тренинзите и ќе останат подоцна клупи“, рече Бенитез.