Хамес Родригез повторно е во центарот на контроверзна ситуација.
Се чини дека колумбискиот играч за врска не се скраси во Ал-Рајан, кој се натпреварува во катарската лига, особено по неговото отсуство од мечот од Лигата на шампионите во Азија.
Родригез не играше против Истиклол Душанбе. Најпрво се мислеше дека се работи за повреда, но далеку од тоа. Барем според извештаите од Катар.
Катарските медиуми тврдат дека Родригез лично решил да не игра бидејќи бара враќање во европскиот фудбал и нов клуб.
На крајот Родригез реши повеќе да не игра за сегашниот тим и којзнае каква ќе биде иднината на еден од најдобрите светски играчи од средниот ред.
Проблемот е што 30-годишниот има годишна плата од седум милиони евра и солиден договор до 2024 година.
Од неговото доаѓање во Ал-Рајан Родригез одигра седум натпревари и постигна четири гола. Одењето во МЛС исто така се споменува како друга опција.
Искусниот Колумбиец во својата кариера настапуваше за вистински великани, а на листата на клубови чиј дрес го носеше покрај Евертон се Баерн, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.