ФУДБАЛ

Хамес Родригез заминува во Премиер лигата

Хамес Родригез би можел да се пресели во клубот од Премиер Лигата, поточно во Евертон за време на јануарскиот преоден рок, каде повторно ќе работи со Карло Анчелоти.

Новиот тренер на Евертон, Анчелоти претходно работеше со колумбиската sвезда за време на своето време во Реал Мадрид, а потоа и Баерн Минхен, каде Хамес беше на позајмица до минатото лето.

28-годишниот играч од средниот ред остана на позајмица две сезони во Бундеслигата, но не успеа да се докаже и се врати во Мадрид. Хамес, сепак, не е во плановите на Зинедин Зидан на „Бернабеу“.

Затоа Евертон има добри шанси да го доведе во „Мерсисајд“, првично на позајмица.

Хамес уживаше во добар работен однос со Анчелоти и ова е дополнителен доказ за евентуалното повторно обединување во Евертон.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига