Капитенот на Наполи, Марек Хамшик верува дека следниот натпревар против Црвена Звезда ќе биде од клучно значење за неговиот тим во Лигата на шампионите оваа сезона.
Иако по ремито во првото коло против Звезда на „Маракана“ се мислеше дека Наполи нема да има многу шанси во оваа група, тие сепак успеаа да ги сменат работите во нивна корист, а сега имаат реални шанси за премин во втората фаза.
Тимот на Наполи повторно ќе игра против Звезда во следниот круг, но на стадионот во „Сан Паоло“, а во случај на победа, тие ќе стигнат на чекор до осмина финале. Хамшик смета дека натпреварот со Звезда ќе биде клучен.
„Сè е уште отворено. Само два поени го делат првиот и четвртиот тим. Следниот натпревар против Црвена Звезда ќе биде клучен“, изјави Хамшик за официјалната веб-страница на УЕФА.