Марек Хамшик се враќа во Европа, но нема да биде во Слован од Братислава како што беше најавено претходно.
На крајот, не беше постигнат договор меѓу двете страни, па искусниот Словак ќе отпатува за Шведска, каде ќе потпише за Гетеборг.
Поранешниот играч и капитен на Наполи ќе патува во скандинавската земја во недела, а договорот ќе биде потпишан во понеделник.
Главната причина зошто Хамшик се враќа во Европа е да се врати во натпреварувачка форма пред Европското првенство во јуни и јули.
По заминувањето од Наполи, Хамшик играше во Кина, каде постигна пет гола на 45 натпревари во дресот на Далиан.